Франциja демантира дека нејзин разузнавач се приклучил кон Ал Каеда

Од:

Француското Министерство за одбрана вчера ги демантираше информациите објавени во некои американски медиуми дека висок француски разузнавач дезертирал и се приклучил кон ќелија на Ал Каеда во Сирија, каде на неколку пати бил цел на американски воздушни напади.

Според американскиот сајт Маклачи, кој се повикува на европски разузнавачки извори, францускиот офицер е највисоко рангиран дезертер кој и се приклучил на Ал Каеда, а коалициските сили во неколку воздушни напади се обидувале да го убијат, но не успеале во намерата.

– По проверките можеме да соопштиме дека информацијата за претпоставени врски меѓу споменатите џихадисти и француските разузнавачки служби е целосно неточна, рече извор од француското Министерство за одбрана.

Според информацијата на Маклачи, посочениот припадник на военото разузнавање, специјалните сили или надворешното разузнавање , преживеал по нападите врз позициите на Фронтот Ан Нусра во Сирија, што е тесно поврзан со Ал Каеда.

Американскиот сајт овој случај го оцени како „дезертирање без преседан на такво ниво“.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека „нема да ги коментира гласините што се објавуваат во медиумите“.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток