Остри критики за медиумските слободи во извештајот на ЕУ за Србија

Од:

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија на патот на евроинтеграциите, во основа е позитивен, но некои области, како што се слободата на медиумите, надворешната политика и правосудството се негативно оценети. Некои од нив со небично остри кавалификации. Извештајот за Србија, исто како и за Македонија, ќе биде објавен на 8 октомври.

Радиото „Слободна Европа“ открива дел од него.

„Во годишниов извештај има и негативни оцени за некои области, меѓу кои е и надворешната политика на Србија. Се истакнува дека Србија прифатила само 62 отсто од надворешнополитичките декларации на ЕУ, за разлика од минатата година кога тој процент изнесувал 89. Во извештајот се прецизира дека Белград не ја хармонизирал надворешната политика со Европската унија кога станува збор за за придружувањето на Србија кон европските санкции кон Русија. Исто така, се наведува дека српската влада дала уверувања дека Србија нема да ја користи ситуацијата насатаната како последица на воведувањето на руското ембарго за европските земјоделски производи.

Кога станува збор за медиумите во Србија, речникот на Европската комисија е исклучително остар. Оценето е дека во Србија дошло до влошување на имплеметацијата на медиумските слободи и слободата на изразување, особено во првата половина на годинава. Во извештајот е наведено и дека се засилува тенденцијата за автоцензура, во комбинација со несаканото влијание врз уредувачките политики во медиумите. Во тој контекст во извештајот, остро се критикуваат одредени напади врз интернет портали кои се случувале во првата половина на оваа година. Во поглавјето за медиумите многу остро се критикува и нетранспарентното јавно финансирање на медиумите кои се во државна сопственост, но и на комерцијалните медиуми. Се истакнува дека српските медиуми функционираат во нејасна правна рамка.

Остра критика повтрорно претрпува и правосудниот систем во Србија. Во извештајот на Европската комисија се вели дека под знак прашање се независноста, одговорноста, ефикасноста на судовите. Кога станува збор за случаите на висока корупција, извештајот за Србија, констатира дека се уште се чекаат правосилните судски пресуди.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија