Со церемонија како од преданијата за арапските ноќи, Султанот од Брунеи, ја омажи својата ќерка, 32 годишната Хафизах Сурулу Боликах со 29 годишниот Онгриан Хаџи Мухамед Рузани, слуга од цивилните редови на нивното кралство.
Свеченоста се одржа во Трон Хол во палатата Истана Нурул Иман, во која има повеќе од 1700-тини кралски соби и со која кралското семејство владе повеќе од 600 години. Младоженецот и невестата се запознале во Кралското министерство, каде двајцата работеле.
Хафизах која има диплома по бизнис администрација работи во министерските одаи на својот татко. А Мухамед работел како цивилен слуга. Султанот кој воедно е и премиер на малата богата со нафта султанска држава, ги држи и функциите како министер за финансии и министер за одбрана.
Принцезата Хафизах е петто дете на Султанот од Брунеи и неговата сопруга кралицата Салеха. Султанот има 12 деца, пет синови и седум ќерки, од три брака.
Од 2007-та ова е прва свадба на некое од директните потомци на султанот. Принцезата и нејзиниот избраник, ги разменија брачните завети пред преполниот Трон хол, пред нивни роднини, пријатели и меѓународни гости. Меѓу моќните гости беше и Премиерот Нахиб Разак од соседната Малезија.
Сега нововенчаниот пар ќе биде претставен пред големиот кралски суд, со што ќе ја финишира еднонеделната прослава. На големата прослава вечерва се очекува да бидат присутни сите важни личности од Северо-источна Азија, гости на 66 годишниот Султан Хасанал Болкијах. Венчавките во султанската муслиманска држава се одбележуваат со ноќни бдеења и многу свадбени ритуали, а за членови на кралското семејство задолжително е и јавно претставување на нововенчаните низ улиците на градот во семејниот позлатен Ролс ројс.
На свадбата на престолонаследникот Принцот Ал Мухамед Билал во 2004-тата во главниот град Бандар толпи од народ беа насобрани за да ги пречекаат младоженците, а повеќе од 2000 гости беа присутни на прославата, меѓу кои и кралските фамилии од Јапонија, Јордан, Британија и Малезија.