Хамилтон победи на дождот во Јапонија

Од:

Британецот Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Јапонија. Хамилтон до осмата сезонска победа, вкупно 30-та во кариерата стигна со вкупно време од 1:51:43.021.

Трката на легендарната јапонска патека мина во хаотични услови, откако поради дождот возачите стартуваа со безбедносното возило, а по извозени три круга, беше истакнато црвеното знаме и трката започна со дваесет минутно задоцнување.

Од стартот трката ја поведе Нико Розберг, кој стартуваше од пол позицијата, на челната позиција тој се задржа до 29-от круг, кога на стартно целната равнина беше минат од тимскиот колега Хамилтон.

Дождот повторно започна да паѓа во 39-от круг, условите за возење константно се влошуваа, па на патеката во 44-от круг повторно излезе безбедносното возило, поради излетувањето на Зутил. Додека возилото за безбедност беше на патеката инцидент имаше и пилотот на Марусија Жил Бјанки, тој налетал на тракторот кој го отстранувал од патеката болидот на Зутил.

Бјанки веднаш бил префрлен во болница, по што и беше донесена одлуката трката да биде прекината во 47-от, а за важечки резултати да се сметаат оние кои возачите ги имаа во 44-от круг.

Покрај Хамилтон и Розберг место на подиумот избори и Себастијан Фетел.

Следната трка ќе се вози за помалку од една недела, кога во првенството на Ф1 ќе дебитира Сочи и трката за Големата награда на Русија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он