(ВИДЕО) Наумов: Ставрески не задолжува по 6 милиони евра дневно

Од:

Министерството за финансии на јавноста вчера и го испорача најновиот фалсификат произведен од двоецот Ставрески и Груевски.
Зоран Ставрески тврди дека долгот на централната влада и јавниот долг се намалиле. Лаже.
Ова го вели престедателот на Комисијата за финасии на СДСМ, Кире Наумов.

-Во јули, по задолжувањето од 500 милиони евра, Ставрески, со свој потпис, ги задолжил граѓаните со нови 58 милиони евра!
Заклучно со август, долгот на централната влада изнесува 41,5 проценти од БДП, а јавниот долг е над 52% од БДП. Тоа е вистината.
Министерството за финансии сака да сокрие дека само во последните 100 дена не задолжува нас граѓаните по 6 милиони евра дневно!
Затоа објави непрегледна табела за следење на јавниот долг, во којашто никаде не стои вредноста на Бруто домашниот производ.
Сега ќе објасниме зошто. Затоа што преку таа бројка ќе се видат манипулациите на власта за јавниот долг.
Ставрески и Груевски за тоа го користат Државниот завод за статистика. Еве конкретно.
strana 6 DZS 9 2014

strana 7 DZS tabela 8 bdp 3 2014

Во март 2014, Државниот завод за статистика излезе со податок дека реалниот раст на БДП за 2013, со којшто сеуште се фалат, изнесува 3,1 процент. При тоа, номинална вредност, значи вкупно произведените добра и услуги според тековните цени, беше 7 милијарди и 700 милиони евра.

По девет месеци, во септември годинава, Државниот завод за статистика ја корегира вредноста на реалниот раст за 2013 и ја симнува на само 2,2 процента. Логично, истовремено номиналната вредност на БДП за 2013 би требало да биде помала или евентуално иста.

Но кога е потребна манипулација, логиката не функционира, па Статистика во графата на номиналниот БДП внесува дека неговата вредност е повисока за цели 400 милиони евра, или дека тој изнесува над 8 милијарди и 100 милиони евра. Ова што го прават Ставрески и Груевски, со помош на државни институции се наводи за криминално владеење.

За многу помали манипулации од овие, истата оваа власт филмски апси пред камери бизнисмени и сметководители.
Ќе дојде момент кога власта на Груевски и сите нејзини соработници ќе одговараат за ова што им го прават на граѓаните на Република Македонија, рече Кире Наумов, претеседател на Комисијата за финасии на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он