Во неодамнешните терористички напади во градот Бенгази на истокот на Либија загинаа 24 војници, а 120 други беа ранети, соопшти денеска либиската Влада.
Владата се огласи, еден ден по експлозијата на автомобил-бомба во реонот на судирите меѓу владините сили и исламистите кај аеродромот во Бенгази, при што загинаа 13 либиски војници, додека 70 беа ранети.
Припадниците на исламските милитантни групи се осомничени и за неодамнешните убиства на секуларни активисти, судии, умерени верски лидери, полицајци и војници во Бангази, кој е втор по големина либиски град .
Либија последниве недели е зафатена од досега најголем бран насилства по 2011 година, кога повеќедеценискиот либиски лидер Моамер Гадафи беше соборен од власта и убиен на брутален начин.