Тајфунот „Фанфон“ потенцијална опасност за трката во Формула 1 во Јапонија

Од:

Лоши временски услови и најавениот тајфун „Фанфон“ се потенцијална опасност за неделната трка за Големата награда на Јапонија во Формула 1.

ФИА (Светска автомобилистичка федерација) ја следи ситуацијата бидејќи според временските прогнози, в недела тајфунот би требало да го „погоди“ токму регионот каде се наоѓа патеката „Сузука“.

Постојат неколку варијанти трката да биде откажана, да биде поместен стартот или да се вози порано, се зависи од тоа во кој правец ќе се движи тајфунот.

Стартот на трката е предвиден во 8 часот в недела наутро по македонско време.
Пред 10 години тајфун ги одложи квалификациите од сабота за недела наутро непосредно пред трката откако организаторите процениле дека условите биле опасни.

На двата денешни тренинзи најдобри времиња имаа возачите на Мерцедес, Нико Розберг (прв тренинг) и Луис Хамилтон (втор тренинг).

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он