Кумановци се вклучија во глобалната трка за мир

Од:

Кумановци се вклучија во глобалната трка за мир. Интернационалната штафетна трка помина и низ општината, а во неа се вклучија млади од средните училишта и спортските клубови од Куманово.

Трката нема натпреварувачки карактер, туку е промоција на меѓународниот мир, единство и меѓусебно разбирање.

– Огромна чест и задоволство ни е што можеме овој запален факел да го донесеме во нашиот град денеска. Ова е факелот за мир кој што поминува во повеќе од 150 земји ширум светот. Илјадници и илјадници луѓе го држат овој факел и замислуваат желба за мир. Сите овие желби патуваат насекаде низ светот, но секако и низ 48 – те земји кои што трката за мир ги посети оваа година низ Европа. Докажавте дека се грижите и сакате да придонесете за мир, истакна координаторот на европскиот тим, Апагуа Весели.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој го прими факелот на мирот, рече дека Куманово е град на мирољубиви луѓе.

– Не случајно сме тука, како што најави организаторот град на млади луѓе, на добри спортисти, а пред се град носител на порака на мир. Да живее Куманово, младоста и спортот, изјави Дамјановски.

Во чест на глобалната трка за мир на плоштадот имаше културно – забавна програма. Куманово досега неколку пати беше домаќин на трката за мир. Од Куманово трката за мир ќе продолжи во соседна Србија.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена