Агонијата на една мајка – од фејсбук дознала за смрта на ќерка си

Од:

Шерил Џонс била вџашена кога на профилот на својата ќерка Карла Џејмс, видела како пријателите и оставаат пораки: „Почивај во мир драга Карла„ и „RIP драга пријателке“. Таа веднаш го земала телефонот в раце и почнала да и ѕвони на својата ќерка, но наместо Карла на телефонот и се јавил полициски службеник. Да биде шокот уште поголем наместо да и каже што се случило, тој и рекол дека секој момент неговите коелги ќе дојдат во нејзиниот дом. Полицијата во домот на Шерил пристигнала дури три часа по повикот, за да и ја соопшти трагичната вест.

И додека полицијата истражува каде затаиле во случајот со Карла, мајката раскажува во очај како преку социјалните мрежи дознала за смрта на својата ќерка – единка. Шерил раскажала дека нејзиниот внук и се јавил фаталното утро да и каже дека на фејсбук прочитал дека Карла умрела. „Мене не ми беше јасно како комплетни странци на интернет можат да прочитаат за смрта на мојата ќерка, која живее на само неколку минути одалеченост од мене, а јас да не знам за тоа“ – изјавила мајката на починатата девојка. Во меѓувреме аутопсијата треба да открие од што починала Карла, мајка на едно дете, која во младоста имала проблеми со срцето. Карла била позната меѓу локалното население во Западен Велс, како надежен модел, која по раѓањето на ќерката се откажала од кариерата во модната индустрија.

.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска