Проект за борба против организираниот криминал на Западен Балкан

Од:

Мисијата на ОБСЕ во Србија покрена проект за јакнење на капацитетот на полициите на Србија, Македонија и Црна Гора во борбата против организираниот криминал, што денеска официјално ќе почне на Златибор, јави Танјуг.

Осумнаесет криминалистички аналитичари од министерствата за внатрешни работи на Србија, Македонија и Црна Гора, ќе го унапредат знаењето во врска со анализата на трендовите во борбата против криминалот во рамки на проектот на ОБСЕ, се наведува во соопштението.

Проектот „Јакнење на капацитетите за стратешка анализа и стратешка проценка во Управите на криминалистичката полиција на МВР на Србија, Македонија и Црна Гора“, има за цел натаму да го развива капацитетот на полицијата и да ги процени заканите од областа на сериозниот и организиран криминал, во согласност со стандардите на Европол.

Проектот го финансира швајцарската Агенција за развој и соработка во рамки на Швајцарската регионална програма за соработка на полициите на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Убиено девојче, пукање во трговски, криминал, корупција – што ги полнеше полициските билтени во 2023

Анита Петровска Рајковиќ