Пред првата средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос во Њујорк, весникот „Понтики“ објавува дека се одвиваат нови, тајни преговори за името меѓу двете страни.
Весникот, повикувајќи се на дипломатски извори, тврди дека американски дипломати, предводени од Мишел Сајдерс, кадар на Стејт департментот биле во грчкото министерство за надворешни работи, како дел од ангажманот на Вашингтон да се забрза приемот на Македонија во НАТО. Весникот како рок за решавање на спорот го споменува крајот на годинава.
Американците наводно инсистирале грчкиот премиер Андонис Самарас да прати писмо до Алијансата во кое ќе извести дека земјава ги исполнува условите за прием во сојузот. Идеите за компромис се вртеле околу името „Горна Македонија“.