Писателот Ентони Хоровиц ќе пишува книга за новата авантура на Џејмс Бонд, јавија британските медиуми.
Книгата ја порача Фондацијата Ијан Флеминг, а дејствието ќе се одвива во 50-те години од минатиот век и во светот на мото трките.
Хоровиц истакна дека Бонд имал големо влијание врз неговиот живот и дека тоа е „книга која мора да ја напише“.
Книгата би требало да се излезе од печат на 8. септември 2015 година.
Хоровиц е автор на романот за тинејџерот-шпион Алекс Рајдер, а во 2011 година „оживеа“ и друг јунак – Шерлок Холмс во романот „Куќа на свилата“.
Пред Хоровиц за авантурите на Бонд пишуваа Себастијан Фолкс, Џефри Дивер и Вилијам Бојлд.