Почнувајќи од оваа сезона на натпреварите од регионалната кошаркарска АБА лига ќе се користат камери преку кои судиите ќе можат да ги разрешат дилемите при спорните ситуации.
Со помош на оваа технологија делителите на правдата на лице место ќе можат да ја прегледаат видео снимката во секој од момент од натпреварот, а не само на крајот.
Оваа новина, според раководството на АБА лигата, треба да допринесе за попрецизно судење.
Ваква технологија веќе се користи и во елитната Евролига.