Германија се кандидира за претседавач со ОБСЕ во 2016 година

Од:

Кабинетот на германската Влада денеска донесе одлука земјата во 2016 година да се кандидира за претседавач со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), а шефот на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер по овој повод оцени дека исконски интерес е оваа организација да се засили, како актер, способен за делување.

– Во наш исконски интерес е ОБСЕ да зајакне како форма за дијалог меѓу истокот и западот, како оперативен инструмент за европска превенција од кризи и како актер кој конкретно делува, рече Штајнмаер.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Германија, Штајнмаер оцени дека ОБСЕ во украинската криза покажа колку оваа организација е важна за вкупниот европски мировен поредок и се заложи за зајакнување на организацијата.

Штајнмаер наведе дека тоа претпоставува земјите членки на ОБСЕ да се изјаснат за ангажманот и да ја преземат одговорноста.

-Ние тоа го поддржуваме со својата подготвеност во 2016 година да го преземеме претседавањето, рече Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот