Запленети 14 килограми марихуана на граничниот премин во Делчево

Од:

Вчера попладне на граничниот премин Делчево за излез од Република Македонија, царинските службеници запленија 14 килограми марихуана спакувани во 28  паковки со различна големина, обвиткани со пластична фолија и облепени со самолеплива трака.

– Возилото марка Ауди,  управувано од Д.Б кој бил придружуван од М.М. и К.А. сите државјани на Република Македонија,  било селектирано од страна на царинските службеници од причина што лицата пројавувале нервоза во текот на вршењето на интервјуто од страна на цариниците. Иако на прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола лицата одговориле негативно, царинските службеници пристапиле кон детална контрола на возилото, истакна Кирил Зајков управител на царинарница Штип.

Лицата и дрогата, појасни тој, се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги за понатамошна истрага.

– Предистражната постапка во соработка со Јавен обвинител е се уште во тек и по комплетирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази, Одделението за истраги при Царинската управа до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против осомничените поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“, информираше Зајков.

Од почетокот на годината до сега запленети се 102 килограми марихуана, еден килограм амфетамин, 96 таблети метамфетамин и 19,5 килограми хероин.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Маск се дрогирал многу повеќе отколку што претходно се знаеше

Горан Наумовски

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он

Големо апсење во Хрватска

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

А1он

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место