ВИДЕО: Министерот знае за СДСМ, но не и зошто ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ги „извисија“ земјоделците

Од:

Mинистерот за земјоделство Љупчо Димовски коментирајќи го неприфаќањето на измените на Законот за земјоделство и рурален развој ја обвини опозицијата.

„Имаше толкава загриженост за распределбата на субвенциите, така што се претпоставуваше дека ќе се добие поддршка за донесување на измените на Законот за земјоделство и рурален развој. Токму во тој закон се дефинираше распределбата на субвенции за одредена категорија на земјоделци“, рече Димовски.

Според него, земјоделците се обесправени и им е скратена можноста да добијат до 120.000 денари помош и бесплатно државно земјоделско земјиште за социјалните случаи. Со овој закон, меѓу другото, е предложено зголемување до 20 отсто на субвенциите за регистрираните земјоделци.

Но министерот немаше одговор зошто за законот не гласаа коалициските партнери ДУИ и 16 пратеника од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и координаторот Бонева, потоа Димовски, Ѓорчев, Китановски, Саздов.

Новинарите упорно прашуваа зошто ДУИ не гласаше, а министерот упорно говореше за опозицијата. Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски