(ВИДЕО) Царовска: Власта се исплаши и од штрајк во градинките, нови противуставни законски измени

Од:

СДСМ бара власта сериозно да ги сфати барањата на СОНК, наместо да глуми дијалог и да ги повлече неуставните измени на законите што ги направи.

Mинатата недела експресно се изгласани измени во Законот за заштита на деца кои предвидуваат во случај на штрајк на воспитувачите во градинките, директорите на јавните установи за деца, во договор со градоначалникот на општината, да ги заменат штрајкувачите со други воспитувачи. При тоа, со овие измени е пропишана и глоба во износ од 500 до 1.000 евра, ако директорот не постапи согласно оваа измена, вели Мила Царовска, претседателка на Комисија за труд и социјална политика во СДСМ.

– Што ќе се случи ако вработените решат да штрајкуваат само еден ден секоја недела? Ќе пријавуваат и одјавуваат заменици за еден ден работа? Еве што следува во таков случај. Директорите треба да побараат согласност од градоначалникот, а тој да им одговори. Со добиената согласност да отидат во Агенцијата за вработување. Од таму ќе добијат списоци по барани професии. Треба да донесат одлука за вработување. Да пополнат М1/М2 образец, а на него треба да стои датум од наредниот ден, затоа што системот во Агенцијата не дозволува вработување на ист ден кога се носат обрасците. А наредниот ден штрајкот може да прекине! А, ако воспитувачите или наставниците штрајкуваат повеќе денови, каде ќе најдат пари за плати за нивните заменици? – прашува таа.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија