ВМРО НП смета дека еврокомесарот Штефан Филе порачал дека „извештајот на Европската комисија ќе биде таков каков што ќе биде и ќе се однесува претежно на административните мерки во сите 5 долунаведени области и веројатно ќе биде позитивен, но сепак на крајот одлуката за датум за преговори ќе биде политичка“.
„И конечно, Големата лага е разоткриена!
Лагата е „Ние сме подготвени да влеземе во ЕУ, но не попречува Грција”
Почитувани, освен проблемот со Грција, кој што во континуитет се користи како оправдување, антидржавничката политика на ДПМНЕ е главната причина за катастрофата која ни се случува и за целиот застој во европската агенда.
После посетата на еврокомесарот Штефан Филе ја манипулирате јавноста во врска со сите 5 точки од високиот дијалог“, рече Слободан Близнаковски, член на ИК на ВМРО НП.
Според него, „судството е резултат од спрегата на полицијата, обвинителство и сеењето страв и тортура врз народот кои се посилни и од времињата на владеење на диктаторот Сталин“
„За 6 години ја срозаа јавната администрација, успеаа двојно да ја зголемат и партизирајќи ја истата ја претворија во алатка за спроведување на нивните погубни политики.
– За каква слобода на медиуми говориме кога немаме ниту една независна телевизија, а советот за радиодифузија делува како Општински комитет на ДПМНЕ.
– ОБСЕ, ОДИХР и ГРЕКО имаат постојани забелешки по однос на оваа проблематика, а ДПМНЕ ги игнорира. Парадокс е на 2.100 000 жители да имаме дури 1. 800 000 гласачи. Парадокс е да се зборува за ревидиран избирачки список а да се биде неспособен да се организира елементарен попис на население“, рече Близнаковски.
Според него, „економијата е егзактна наука која се заснова на бројки, а не на политичка пропаганда, а бројките говорат дека сме на светското дно на сиромаштија и мизерија во друштво со најсиромашните Африкански држави“, рече Близнаковски.