Груби се сликаше пред споменикот на Методија Шаторов-Шарло, мислејќи дека е Неџат Аголи

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вчера направи селфи пред новопоставениот споменик на Методија Шаторов-Шарло мислејќи дека е споменик на Неџат Аголи.

Груби се понесе веројатно по написите во некои од медиумите на албански јазик, а за тоа чиј споменик е поставен му објасни пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска.

grubispomenik

-Да знаеше барем малку историја, г.Артан Груби и да имаше барем малку повеќе широчина, капацитет, човечки и културолошки и да не беше обземен од омраза, иридентизам, површност и простотилок и желба за самодокажување колку голем Албанец е тој, и барем малку да се огледаше на ликот и делото на Неџат Аголи кој ја сакал искрено оваа наша заедничка држава, па и да прочиташе нешто за него, да знаеше како изгледал и делувал, во едни такви за него сложени околности ќе можеше да биде свесен дека личноста на споменикот пред кого се слика не е Неџат Аголи туку Методија Шаторов-Шарло!

Но сепак Груби изгледа одлично пред споменикот и нема да се мешам во негоите оценки дали е најубав или дали е во Дарданија, зашто и да е во Дарданија, наше е, нели? Срдечен поздрав до Груби“, напиша пратеничката Затуровска.

slikiVesnikgrubiSp

По ова, Груби е на мета на медиумите на албански јазик кои се подбиваат со вчерашното селфи. Тој од неговиот профил на Фејсбук ги отстрани фотографиите каде е сликан со Методија Шаторов –Шарло и постира вчерашни написи во медиумите каде пишува дека е поставен споникот на Неџат Аголи.

Тој вчера под фотографијата напиша дека е поставен споменикот на Неџат Аголи во главниот град на Дарданија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Најостро го осудуваме нападот врз градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

ДУИ: Правичната застапеност е уставно загарантирано право

ДУИ: ЕУ тврди дека Македонија станала отворен терен за руската пропаганда

ДУИ: Има организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Македонија

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

ДУИ: Вистината е дека Македонија сè повеќе тоне во изолација