СДСМ: Има право ВМРО-ДПМНЕ, неповторлив е успехот на Владата на Груевски

Од:

„Има право ВМРО-ДПМНЕ, неповторлив е успехот на Владата на Никола Груевски којашто ја задолжи државава неверојатни 4,2 милијарди евра или 53 проценти од БДП.

Тоа не и успеа на ниедна друга влада од осамостојувањето на Република Македонија.

Од тој успех, гарантирано не ќе можат да кренат глава, не само сегашните генерации, туку и децата на нашите деца.

За таков развој на Македонија, има право Груевски, многу книги мораше да испише.

Додека зад нас граѓаните се над 3 000 празни страници на “дојди ден и пројди ден“, во рекордна сиромаштија, болно здравство, неуко образование, боса социјала, стопанство што се влече на колена.

Ете за тие 3 000 денови, Никола Груевски ќе мора да го даде најголемиот отчет, не пред СДСМ, туку пред граѓаните на Република Македонија“, се вели во писменото соопштение на СДСМ, на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски