Вкупно 457 турски граѓани се блокирани на аеродромот во либискиот град Гат поради судири во регионот, јави Си-Ен-Ен Турк.
Работниците се блокирани на аеродромот веќе пет дена и се соочуваат со недостиг од храна и вода.
Стравуваат дека може да бидат киднапирани од локални племиња или да бидат убиени. Вооружени лица им ги одзеле пасошите и парите на дел од работниците како и мобилните телефони, јави медиумот.