Кипарските спасувачки екипи денеска успешно ја завршија операцијата за спасување на 345 илегални имигранти од брод кој тонел во источниот дел на Средоземно море, на 100 километри од Кипар, изјави шефот на пристаништето во Лимасол, Јоргос Пурос.
Тој истакна дека илегалните имигранти, најверојатно бегалци од Сирија, се добро. Меѓу нив 293 се возрасни и 52 деца.
Кипарското Министерство за одбрана соопшти дека имигрантите ќе бидат сместени во бегалски камп во близина на Никозија.