Претседателот на државата Ѓорге Иванов изјави дека економскиот успех придонесува младите да останат во Македонија, а нашите најуспешни поединци живеат во Македонија, а работат за светскиот пазар. Анализа на Вистиномер-колку кореспондира со реалноста ваквата изјава на Иванов.
Иванов рече:
-Со радост можам да кажам дека денес Македонија има најбрзо растечка економија од целиот наш регион, се отвораат нови работни места за младите кои не можат да чекаат години и години да се решат проблемите кои други ги наметнуваат“.
-Универзитетскиот професор Здравко Савески, кој е активист на Левичарското движење Солидарност, вели дека да имаше толкаво драстично намалување на невработеноста, во земјава ќе имаше економски бум. Со усложнување на процедурата за пријавување, невработените вештачки се бришат и сè поголем станува бројот на неевидентираните невработени лица, вели тој.
Според Еуростат (службата за статистика на ЕУ) од 1998 до 2011 година, 230 илјади луѓе официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија.
Светска банка објави извештај, чии податоци за вкупниот број на иселени лица силно одекнаа во земјава. Во извештајот се вели:
-447.000 македонски граѓани мигрирале во странство заклучно со 2010 година, што претставува над 20 отсто од населението, а доколку се има во обзир дека многу граѓани во странство работат на црно, се претпоставува дека безмалку една четвртина од вкупното население е надвор од земјава. Инаку, тоа ја рангира државава на 23-тото место во групата земји во светот со најмногу емигранти, во друштво со Газа, Гранада, Самоа…
Според истражувањето на штипскиот Правен факултет – Седумдесет и седум отсто од младите сакаат да заминат во странство.
-Вкупниот број на отселени граѓани од Македонија во други држави изнесува 1.143 лица. Според половата структура 680 се мажи и 463 жени. Во 2011, најмногу, 803 лица се иселиле од Охрид, следи Дебрца со 117 , Тетово 21 . Од нив најмногу, 254 лица заминале во Австралија , во Германија 168 во САД 129 лица, следуваат Италија, Швајцарија и други земји, се вели во анализата на Вистиномер.