Јапонија ќе добие уште побрзи возови

Од:

Точно 50 години откако низ Јапонија тргна најбрзиот воз, тогаш со брзина од 210 километри на час, почнуваат градежните работи на супербрзиот воз Маглев, чија брзина ќе биде поголема од 500 километри на час.

Планирано е  возот, што со помош на „магнетна левитација“ лебди над „шината“, а се движи влечен од магнетна сила, до 2045 година да тргне на линијата Токио-Осака.

Возот треба да се движи по што е можно порамна линија, односно 85 отсто од трасата да ја сочинуваат тунели.

Првиот дел од „пругата“ меѓу Токио и Нагоја треба да биде завршен до 2027 година.

Супер-брзите возови „шикансен“ (куршум) во Јапонија денеска одат побрзо од 320 километри на час, а пругите се направени по цела површина на острвите Хоншу и Кјушу.

Меѓу Токио и Осака секојдневно се движат повеќе од 200 такви возови, а нивното вкупно годишно доцнење не преминува 30 секунди.

– Кога во Јапонија во употреба беше ставен првиот брз воз, имавме чувство дека тешките времиња се зад нас и дека Јапонија ќе се промени на спектакуларен начин, вели 73-годишниот инженер Фумихиро Араки.

Тој се потсетува на 1 октомври 1964 година, кога во Токио пред царот Хирохито беше претставен првиот јапонски брз воз наречен Хикари (Светлост), девет дена пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио.

Јапонија во следните неколку недели, барем според атракциите, требаше да стане светскиот центар број једен, бидејќи покрај супер-брзиот воз, почна емитувањето на ТВ-програмите во боја и тоа во целиот свет, направен беше првиот јапонски цивилен авион по Втората светска војна, а некои од големите компании, меѓу кои и „Сони“, доживеаја до тогаш незабележен развој. Затоа по секоја цена, пред почетокот на Олимписките игри, требаше да се заврши пругата за супер-брзиот воз.Тоа подразбираше изградба на 66 тунели и 96 мостови. Задачата не беше едноставна, но Јапонците тогаш покажаа истрајност и одлучност.

– Ставањето во употреба на првиот супер-брз воз овозможи Јапонија да стане поконкурентна, а индустријата почна се повеќе да се концентрира околу Токио, вели аналитичарот Осуке Итазаки.

Пругата по која се движи супер-брзиот воз не се промени до денеска, но самиот воз и услугите кои се  нудат се во постојан развој.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска