Повеќе од 90 милиони евра помош за сириската опозиција

Од:

САД и групата „Пријатели на Сирија“ синоќа ветија помош за сириската опозиција во износ од над 90 милиони долари. Дел од помошта е од хуманитарен карактер, а дел се состои од неборбена воена опрема.

Американскиот државен секретар Џон Кери на состанокот во седиштето на Обединетите нации, чии домаќини беа британскиот државен секретар Филип Хамонд и шефот на Сириската национална коалиција Хади ал Бахра изјави дека САД ќе дадат 40 милиони долари за осовременување на сириската вооружена опозиција и цивилната опозиција.

– Од тие пари повеќе од 15 милиони долари се за комуникациска опрема, возила, храна и останатите основни работи, кои и се потребни на вооружената опозиција, како и 25 милиони долари за поддршка на цивилната опозиција, која работи на тоа да дојде на власт и јакнење на нејзините капацитети за таа цел, рече Кери.

Јапонија вети 25,5 милиони долари хуманитарна помош, а Велика Британија ќе даде 26 милиони долари за консолидирање на бунтовничките сили на териториите кои ги контролираат.

Американскиот претседател Барак Обама претходно овој месец побара од Конгресот да одобри 500 милиони долари за обука и вооружување на умерените сириски бунтовници.

Би можело да ве интересира

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија