СБ на ОН усвои резолуција за странски платеници

Од:

Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно усвои резолуција за спречување на приклучување џихадисти од странство во Ирак и Сирија.

Резолуцијата го повикува сите држави да усвојат закони според кои пристапувањето на нивни граѓани кон џихадистички групи, како што се Исламска држава и фронтот Ал Нусра, ќе се смета за тешко криминално дело.

Според американската предлог-резолуција, за тешко криминално дело ќе се смета и регрутирање и финансирање други лица, кои се приклучуваат кон овие групи.

Резолуцијата е дел од Глава 7 на Повелбата на ОН, а СБ на Светската организација дава овластување во случај на нејзино кршење да воведе економски санкции или употреба на сила.

Би можело да ве интересира

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија