(ВИДЕО) Вујиќ: За две недели, три смртни случаи во Идризово

Од:

„Во затворот Идризово, во рок од две недели, регистрирани се три смртни случаи, на двајца затвореници од Скопје и еден затвореник од Тетово.

Двајца од затворениците боледувале од рак. Но немале соодветен медицински третман. Тоа е причината за нивната смрт.

Овие случувања во затворот Идризово и случувањата во останатите затвори низ Македонија, за коишто јавноста допрва ќе дознава, се потврда за условите во коишто затворениците ги издржуваат мерките притвор и казната затвор.

Во Идризово има капацитет за 800-тини затвореници. Но моменталната бројка на затвореници во затворот е близу 1600-тини.

Тоа го прави невозможно функционирањето на затворските служби, коишто треба да се грижат за затворениците“, вели Мирослав Вујиќ.

„Тоа што недостига соодветната здравствена заштита за затворениците, не е единствената причина за нивното нарушено здравје.

Во моментов, тие се сместени и во штали и во простории со уште полоши услови од ќелиите.

Спијат на под, или повеќемина на еден душек.

На Министерството за правда е да ги провери гласините дали е точно дека на затворениците им се бараат по 1.000 денари за реновирање на затворот Идризово и ако е точно да го санкционира ваквото незаконско постапување.

Колку е сериозна состојбата во затворите во Македонија говори последниот случај на силуван малолетник во Воспитно поправниот дом во Велес. Јавноста мораше да дознае од Народниот правобранител, за Управата за извршување санкции да реагира. Бидејќи службите во Домот не му верувале на детето.

Тоа проговори и за други силувања во поправната установа во Велес, но до овој момент нема информација дали е отворена дополнителна истрага.

На недостоинствениот третман во затворите и на супстандардните услови во нив, укажуваат бројни извештаи на Европската Унија и Народниот правобранител на Република Македонија.

Оваа власт нема капацитет да ги почитува правата на граѓаните на Република Македонија“, изјави Мирослав Вујиќ, член на Комисијата за правда, СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот