Иако најчесто нивната задача е да изгледаат перфектно правејќи останатиот дел од женскиот свет да се чувствува мизерно, и моделите си имаат свои моменти, со кои барем за миг докажуваат дека и тие се човечки суштества со сите маани и недостатоци.
Еве како изгледаат познатите фотомодели, кога фотографите ќе ги „уловат“ надвор од модните патеки и неподготвени за позирање.
Без шминка Адријана Лима повеќе изгледа како паднатиот ангел, отколку како ангелот на Викторија сикрет. А во тоа друштво се придружува уште еден ангел, кој од зад сцена докажува дека шминката прави чуда – Хајди Клум.
Италијанската убавица која заведуваше рок ѕвезди, големи филозофи па дури и претседатели, на оваа фотографија изгледа се само не, на далеку познатата Карла Бруни.
И додека Мила Јовович и Наоми Кембел се расфрлаат со нвините гради каде и да стигнат, Жизел Бундхен нема проблем да си го покаже задникот. Едни се посрамотуваат со падови на модните писти кои долго ќе се паметат, други со неславни појавувања во јавност.
И додека можеби за ова тие тажат, на останатиот дел од женската популација секако им е мило да ги видат надвор од маската на фотомодел, со кожа која блеска и насмевка која маѓепсува.