(ВИДЕО) Нов криминален бизнис: 10 илјади фунти за лажен геј брак

Од:

10 илјади фунти чини склопување геј бракови во Велика Британија, за да се избегнат имиграционите проверки на браковите со странците и да се добијат фдокументи за престој, јавува британскиот „Дејли меил“, откривајќи детали од истражувањето на Би Би Си.

-Оние кои ќе се одлучат на овој чекор можат лесно да ги измамат проверките така што ќе тврдат дека се геј, вели Рикардо, еден од членовите на бандата која ја започнала оваа измама и која досега има организирано неколку истополови бракови заради документи, и додава дека никогаш немал проблеми со полицијата или имиграционата служба.

Ќе кажеш „Јас сум геј“. Никој нема да те праша ништо повеќе. Лесно е за геевите.

Во Англија истополовите бракови почнаа да се склопуваат од неодамна, па криминалците го користат незнаењето на матичните служби за полесно да добијат документи и државјанство. Хетеросексуален имигрант може да добие право да живее и работи во Британија така што ќе склопи лажен брак со некој од истиот пол.

-Мислам дека е многу потешко, доколку е во прашање истополов пар, да се процени дали брачните партнери навистина се сакаат или се заедно заради документи, вели Рикардо.

Се проценува дека 15 илјади од 173 илјади бракови кои се склопуваат секоја година во Англија се само заради документи. Министерот за имиграција Џејс Брокншир вели дека Англија ќе преземе мерки против овие измами, пренесува BBC во репортажата која ја направија на оваа тема.

-Ќе преземеме поостри мерки против оние кои се обидуваат да го измамат системот со злоупотреба на законот за брак. Минатата година спречивме преку 1.300 лажни бракови“, изјави Брокншир и додава дека истите правила треба да важат и за истополовите бракови.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on