Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ уживале додека одлучувале за милиони луѓе

Од:

Американската разузнавачка агенција ЦИА ја отстрани ознаката за доверливост од 100.000 документи, меѓу кои се наоѓаат и записи од историскиот мировен договор помеѓу Србите, Хрватите и Босанците, кој беше потпишан во Дејтон во 1995 година.

Во нив може да се види на кој начин Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ уживале, што јаделе и какви желби имале, додека донесувале одлука за судбината на милиони луѓе.

milosevic-potpis

Од документите кои се однесуваат на преговорите во Дејтон, а се запишани под име АР70-141 ОСТ 201, се гледа како „актерите“ од поранешна Југославија со „полни усни со храна“ ги разгледуваат разорувачите Б-52 и невидливиот Ф-117, под чии крила се наоѓаат ракети „томахавк“.

milosevic-tugman-s

Според тврдењата на американски агенти сите преговарачи на Милошевиќ му се обраќале со Слобо, на Алија Изетбеговиќ со Изи, додека на Момчило Краишник со Мо. Во истиот документ се наведува дека Милошевиќ често организирал вечери, на кои како што тврди ЦИА, јадел јастози од Мејн.

milosevic-tugman-i2

Лидерот на муслиманите од Босна, Алија Изетбеговиќ за време на паузите додека траел преговорот најмногу сакал да гледа фудбал.

Инаку со Дејтонскиот договор е ставен крај на граѓанската војна во БиХ, а на 14-ти декември истата година договорот е парафиран во Елисејската палата во Париз.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина