Израелските војници ги убиле киднаперите на тројцата тинејџери

Од:

Израелските сили рано изутринава на Западниот Брег убија двајца Палестинци, осомничени за киднапирање и убиство на тројца Израелци во јуни, соопшти портпаролот на израелските сили, полковникот Петер Лернер.

– По убиените Амер Абу Ајша и Марван Кавасме се трага од киднапирањето, изјави Лернер.

Тој појасни дека неодамнешниот пресврт во потрагата ги довел безбедносните сили до засолништето во градот Хеброн на Западниот Брег пред една недела.

Израелските сили разно изутринава влегле во приземјето на една двокатница и ги убиле двајцата киднапери, по што биле цел на напад со огнено оружје.

Војската верува дека двајцата се убиени, иако е потврдено убиството само на еден осомничен.

Лернер изјави дека вториот паднал по нападот со огнено оружје и оти се верува дека е мртов.

Со смртта на двајцата активисти на Хамас заврши една од најгоемите потраги, кои ја водеа израелските безбедносни сили.

Тинејџерите беа киднапирани на 12 јуни, што предизвика голема пресметка со исламистичкиот Хамас – апсење на стотици припадници на оваа организација на Западниот Брег и покренување на серија настани, кои доведоа до седумнеделната војна меѓу Хамас и израелската војска во Појасот Газа.

Тројцата израелски тинејџери, 19-годишниот Ејал Јифрах и 16-годишните Гилад Шаар и Нафтали Френкел, кој има има и американско државјанство, биле киднапирани додека стопирале на Западниот Брег, на патот од верското училиште до дома.

Нивните тела беа пронајдени на 1 јули закопани во едно поле во близина на местото, каде што беа киднапирани. Се верува дека се убиени набрзо по киднапирањето.

Хамас со недели ја негираше одговорноста за киднапирањето, меѓутоа за време на војната во Газа еден од лидерите на организацијата, кој живее во егзил, изјави дека групацијата е одговорна за киднапирањето.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави