А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дваесеттина болни од ХМЛ бараат „тасигна“ да се стави на позитивната листа на лекови

by А1он22/09/2014 - 15:03152
Share0

На околу дваесеттина од седумдесеттина болни (меѓу кои две деца) од хронична миелоична леукемија им е неопходна второстепена терапија со лекот „тасигна“ односно „нилотиниб“.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го изјави претседателот на Здружението за помош на заболени од хронична миелоична леукемија на одбележувањето на 22 Септември, Меѓународен ден на заболените од ХМЛ. Од Здружението бараат „тасигната“ да се стави на позитивната листа на лекови.

– Сите заболени од ХМЛ во светот, па и во Албанија и Србија имаат второстепена терапија. Мора да најдеме начин и модус како да се бориме нашите пациенти да ги обезбедиме со лекови. Месечната терапија со „тасигна“ би чинела околу 4.000 евра според ценовниците достапни од Бирото за лекови. Ако се преземе нешто на ниво на држава, ако таа се зема во пакет со „гливек“ како што е во сите други земји во светот, мислам дека многу поевтино ќе биде, рече Леви.

Македонија, посочи тој, воведе копија на оргиналниот лек „гливек“ кој се покажа како епохално откритие кое ја спречи оваа смртноносна болест, но има пациенти кои се во многу лоша состојба.

Додаде дека неодамна добиле шесетмесечна терапија како донација од Бристол Маерс за пациентка од Струмица која не одговорила позитивно на „гливек“.

Пациентката Мирјана Илиевска истакна дека не може да го прима „гливекот“ и користи друга терапија од која добива рани по нозете и има болки.

– Го молам министерот да ни овозможи соодветен лек бидејќи верувајте на сите ни се живее, додаде Илиевска.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен