Министерство за здравство: Има доволно инсулин и неговата замена не е ризик

Од:

Министерството за здравство реагира на прес-конференцијата на СДСМ во врска со инсулинот.

-Уште еднаш потсетуваме на ставовите на експертите и најголемите авторитети од областа на дијабетесот во Република Македонија кои и досега беа многу јасно изнесени во јавноста: Во моментот има доволно висококвалитетен инсулин и овозможено е континуирано снабдување на пациентите со дијабетес мелитус и во делот на хуманите инсулини и во делот на инсулинските аналози, така што на располагање има доволно опции за постигнување добра гликемиска контрола кај сите пациенти. Секоја замена со друг тип на инсулин се прави со соодветен инсулин на начин што нема да доведе до нарушување на гликемиската контрола, што значи дека не постои никаков медицински ризик за пациентите. Во нашата земја присутни се хумани инсулини и инсулински аналози со исклучително висок квалитет од врвните светски производители од Соединетите Американски Држави, Данска и Франција. Уделот на инсулинските аналози во нашата земја е исклучително висок и може да се споредува со најразвиените здравствени системи во светот. Апсолутно нема никакви причини за страв и паника кај лицата со дијабетес. Основна задача е гликорегулацијата, која апсолутно може да се постигне со расположливите инсулини, со редовни контроли и титрација. Исто така, овие пациенти треба да се придржуваат кон советите од дијабетолозите, кои се однесуваат на исхраната, физичката активност и неопходните чести контроли на гликемијата“ – велат оттаму.

Од Министерството велат дека сите инсулинозависни пациенти можат слободно да отидат на преглед кај специјалист ендокринолог без претходно закажување во системот Мој термин, и на прегледот ќе бидат регуларно примени.

„Исто така, уште еднаш апелираме дека од исклучителна важност е да не се шири непотребна паника кај лицата со дијабетес, бидејќи стресот доведува до покачување на т.н. стрес-хормони, кои доведуваат до покачување на гликемијата кај сите луѓе, а посебно кај популацијата со дијабетес. Токму затоа, во име на здравјето на овие пациенти, треба да престанат манипулациите и обидите за креирање лажна слика за снабдувањето со инсулин. Консултирани се поголем број ендокринолози и сите ги потврдија погоре изнесените наоди дека нема апсолутно никаков ризик по здравјето на пациентите со дијабетес. Целосно се невистинити тврдењата дека се работи за нагла промена. Секој граѓанин со дијабетес си го добива соодветниот инсулин и ниту еден пациент не е оставен без соодветната терапија. Не е точно дека се набавени помали количини инсулин, затоа што очигледно инсулин има доволно, туку се работи за стратегија на една компанија која долги години имаше монополска позиција. За среќа, за разлика од порано, државата повеќе не е заложник на една компанија, односно на еден круг финансиско-фармацевтско-политички моќници како што беше во времето на СДСМ, туку има соодветна, ефикасна и безбедна алтернатива за секаков тип инсулинска терапија“ – додава Министерството.

Оттаму најавваат дека ќе го зголемат бројот на бесплатни ленти за мерење гликемија, од околу 4 ленти месечно на околу 30 ленти месечно кај лицата со дијабетес мелитус тип 2 на инсулинска терапија.

„Го повикуваме СДСМ да престане да се става во функција на адвокат на бизнис моќници. Општо познато во стручната јавност е дека не е штетна по здравјето замената на еден тип на инсулин со друг. Но, исто така, општо познато е дека тоа може да доведе некој да претрпи финансиска загуба. Секое ваше манипулирање со состојбата на оваа вулнерабилна група е директно во функција на заштита на нечии бизнис интереси, а не заштита на здравјето на пациентите. Секоја одговорна политичка партија има обврска да се грижи за интересите на сопствената држава, без разлика дали е во влада или опозиција, а не да се става во функција на силни финансиски центри на моќ“ – велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски