Луис Хампилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Малезија во Сингапур.
Пилотот на Мерцедес, до својата шеста пол позиција сезонава стигна остварувајќи најбрзо време на денешните квалификации, оставајќи го зад себе клупскиот колега и главен конкурент за титулата Нико Розберг.
Од вториот ред утре ќе започнат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Себастијан Фетел, а во третиот ред ќе бидат Фердандо Алонсо од Ферари и Филипе Маса од Вилијамс.
На шест трки до крајот на шампионатот во генералниот пласман води Розберг со 238 бодови, само 22 повеќе од Хамилтон.