Државен натпревар по Прва помош во Куманово

Од:

Црвениот крст на Македонија, денеска во Куманово го организираше 23. државен натпревар на кој учествуваа 25 екипи од исто толку општински организации.

На кејот на реката Кумановка, на државниот натпревар учествуваа првопласираните екипи од општинските организации на ниво на државата.

На овогодинешниот натпревар ревијално учествуваше и гостинска екипа од Ниш, Србија. Годинешниот натпревар се оддржува под мотото „Првата помош во секојдневите несреќи и катастрофи“.

– Определени се две траектории по седум работни места од кои четири се од прва помош, имаме 12 повреди и една реанимација за срцево белодробно оживување. Тоа се повредите и реанимација каде што екипите се натпреваруваат по прва прва помош. Имаме две работни бази каде што има забавно рекреативен карактер и една база на натпреварувачки прашања на тема дисемницаија на Црвен Крст, изјави одговорното лице за прва помош во Црвен Крст на Македонија Глигор Новачевски.

Учесниците ги оценуваат 45 судии, од кои, информираат надлежните, 33 доктори и 12 демонстратори по прва помош. Секоја општинска организација има свој преставник. Воедно, на овој натпревар ангажирани се 15 шминкери за реалистично прикажување на раните и повредите и 30 манекени и актери кои ги глумат самите повреди.

– Конкретно се оценуваат одредени проблеми кои секојдневно се случуваат. Ја оценуваме нивната работа, прво смиреноста и авторитативноста кон самиот пристап, да знаат што се случило, да помогнат на повредното лице и да го оддржуваат во живот, додека не го преземе стручна екипа, вели доктор Митко Манчев од Струмица, волонтер во Црвен Крст.

Од кумановскиот Црвен Крст велат дека е чест што државниот натпревар се оддржува токму во општината.

Најдобите екипи, најавија организаторите, ќе бидат прогласени по 18 часот. Првопласиранта екипа идната година ќе учествува на европско првенство по прва помош.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување