Властите во Гвинеја соопштија дека во зафрлено рурално подрачје на југоисток во државата, по напад на тимот кој се обидел да го едуцира населението од ризиците од ебола, се пронајдени осум лешеви меѓу кои и тела на три новинари.
–Пронајдовме осум тела во едно село. Три од жртвите имаа пресечен врат-изјави Дамантанг Алберт Камера, портпаролот на владата на оваа африканска држава.
Инаку меѓу населението во Гвинеја се шират гласини дека еболата служи за собирање на афричка крв и дека здравствените работници намерно ја шират болеста за да ги победат Африканците.
Е. Г.