Натрапник влегол во Белата куќа

Од:

Вработените во Белата куќа и новинарите вчера во предвечерните часови се вратиле во зградата по кратката евакуација, поради натрапник.

Инцидентот се случил кога униформиран претставник на тајната служба издал евакуација на сите во Белата куќа и тоа само четири минути по полетување на хеликоптерот „Marine One“, со кој претседателот Барак Обама заминал во Камп Давид.

Како што пренесе „CNN“ невооружен непознат маж успеал да ја прескокне оградата на Белата куќа и да влезе во зградата, по што веднаш бил уапсен. Наводно станува збор за 42 годишен Омар Гонзалес од Тексас, кој по приведувањето е однесен на лекарска проценка. Според збровите на неименувано официјално лице, Гонзалес од порано и е познат на американската тајна служба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас