Анкета: Четвртина Американци за одделување од федералните власти

Од:

Референдумот за независност на Шкотска, иако заврши со неуспех на сецесионистите ги разбуди желбите за отцепување од федералните власти кај речиси четвртина Американци, покажува синоќа објавената анкета.

Според анкетата на Ројтерс и Ипсос спроведена од 23 август до 16 септември околу 23,9 проценти од Американците силно ја поддржуваат идејата нивната држава да се отцепи, додека 53,3 проценти од испитаниците остро се противат на таквата идеја.

Сецесионистичката идеја е повеќе застапена кај републиканците и жителите на руралните западни американски држави, во споредба со демократите и жителите на североисточните држави.

Анкетата е спроведена на 8.952 испитаници.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас