Французинката заболена од ебола прима експериментални лекови

Од:

На заболената француска волонтерка од ебола, која работеше во Либерија за Лекари без граници, по нејзиното враќање во Франција и се даваат експериментални лекови, јавува дописникот на МИА од Париз.

Младата волонтерка, која беше заразена од вирусот на ебола вo Либерија, по професија е медицинска сестра и таа од вчеrа се наоѓа во воената болница Бегин во близината на Париз, каде според министерката за здравство Марисол Турен и се даваат експериментални лекови.

Министерката објасни за француското радио РТЛ дека дозволила увоз на „експериментални лекови“, без притоа да каже за кои лекови станува збор.

Според француските медиуми, воената болница Бегин побарала на пациентката да и се даде од серумот ЗМапп, коктел на антитела со активен принципи, кој им беше даден на двата американски лекари кои ја преживеаа грозницата Ебола.

Лекар од Либерија, кој беше лекуван со истиот серум почина.

Засега не постои специфичен лек против Еболата, но заболените добиваат лекови за олеснување на симптомите, како против болките или високата температура.

Вчера францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека побара од министерот за одбрана да инсталира полска воена болница во шумскиот дел на Гвинеја, каде се наоѓа жариштето на епидемијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on