Тото Волф: Хамилтон и Розберг се како непријатели

Од:

Тото Волф дикеторот на Формула 1 тимот на Мерцедес, ја опиша борбата за шампионската титула меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг како „непријателска“.

– Од љубезна комуникација во текот на сезоната се прерасна во интензивен однос во кој двајцата како непријатели се борат за титулата. Тоа е процес на созревање. Момчињата цел живот се учени дека приорите им е да победуваат во Формула 1, изјави Волф.

До крајот на сезоната во Формула 1 првенството остануваат уште шест трики, а Розберг е на првото место во генералниот пласман со само шест бодови повеќе од Хамилтон.

Директорот на Мерцедес, Волф на ваквиот однос на неговите возачи гледа како на природна работа, во која за едниот ќе биде убаво, а за другиот лошо искуство на крајот од сезоната.

– Возат во ист болид, се борат и против другите за трофејот. На крајот едниот ќе слави, а другиот ќе тагува. Двајцата знаат што сакаат и ќе сторат се да ја остварат целта, дополни Волф, подгревајќи ги страстите кај двајцата возачи во пресрет на неделното Гранд при на Сингапур.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он