Петров: СДСМ Ви подава рака, заедно да креираме подобра иднината

Од:

СДСМ е задоволен од проектот„Работно лето“. Велат Македонија го крена гласот, граѓаните покажале дека сакаат промени во својата земја.

Промовираа нов проект кој е продолжение на проектот „Работно лето“.

Под мотото „Отвори врата за иднината“ заедно со граѓаните започнуваат проект од кој ќе произлезе програмата на СДСМ за локалните избори како и програмите за секоја општина во Македонија.

„Програмите на СДСМ ќе бидат заедничко дело на СДСМ со граѓаните и тие во себе ќе ги содржат предлозите на самите граѓани, она што го сакаат за себе и за својата општина. На крајот на овој проект, секој граѓанин ќе може да се препознае во поединечните програми на СДСМ.Тоа ќе бидат програми од граѓаните за граѓаните“, изјави Андреј Петров.

За реализација на проектот, тимови на СДСМ ќе тропнат на секоја врата, во секој дом, во секое населено место, во секоја општина. Граѓаните ќе имаат можност за прв пат во историјата на Македонија самите да посочат каква иднина сакаат, каква општина сакаат, што треба да се промени, а што да се дополни или измени.

„Со овој проект СДСМ, заедно со народот, сака да испрати порака за иднина и подготвеност да ја води битката против сегашноста. СДСМ Ви подава рака, заедно да креираме подобра иднината. СДСМ Ви подава рака, заедно да го уредиме нашиот дом, нашата општина. Македонија може и заслужува подобро. Затоа ве повикуваме, отворете врата, дозволете иднината да влезе во вашиот дом.“, вели Петров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски