Грција подготвена да спроведе истрага во врска со смртните закани упатени кон Кристин Лагард

Од:

Официјална Атина најави дека е подготвена да спроведе истрага во врска со смртните закани кои директорката на ММФ Кристин Лагард ги добила откако го критикувала однесувањето на Грците по прашањето за даноците во екот на кризата во Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот министер за правда Хараламбос Атанасиу напишал писмо до Лагард, за да ја извести дека може да биде спроведена истрага, ако таа на правосудните органи им ги достави „имињата, датумите, елементите“, изјавил судски извор.

Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот минатата недела, Лагард рече дека кога во минатото зборувала за Грција и за нејзините даноци, добила смртни закани поради кои морало да се зајакнат мерките за безбедност.

Во пролетта 2012 година, во екот на меѓународните економски тензии по прашањето за Грција, Кристин Лагард за британски „Гардијан“ изјави дека Грците би требало да почнат колективно да си помагаат со тоа што ќе си ги плаќаат даноците. Таа рече дека е помалку загрижена за нивната судбина, отколку за таа на децата во Африка.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето