ЕУ е сериозно загрижена поради епидемијата од ебола во Западна Африка, се наведува во заедничката изјава на еврокомесарите одговорни за развој Андрис Пибалгс, за хуманитарна помош и дејствување при кризи Кристалина Георгиева и за здравство Тонио Борч.
Тројцата еврокомесари сметаат дека во Западна Африка ситуацијата продолжува да се влошува, додавајќи дека денсека разговарале со министрите од ЕУ како да ги координираат натамошните чекори од европскиот одговор на епидемијата.
– Го поздравуваме придонесот на земјите од Унијата и повикуваме да продолжат со помошта за овој регион, со цел да се задоволат итните потреби на луѓето. Потребни се центри за лекување, обезбедување доволен број на здравствени работници и макроекономска стабилност, се наведува во заедничката изјава.
Досега ЕУ презема обврска за обезбедување на околу 150 милиони евра помош за загрозените држави од смртоносната болест.
Во соопштението се појаснува и дека опасноста од ширењето на вирусот во земјите-членки на ЕУ е многу мала.