Продолжуваат археолошките истражувања на новата базилика на локалитетот Хераклеја

Од:

Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот Хераклеја, кои се реализираат со поддршка од Министерството за култура. Акцент на годинашните активности е ставен на доистражувањето на новата трикорабна базилика од ранохристијанскиот период, впечатлива архитектонска градба, која со својата големина го потврдува значењето на градот како мошне развиен епископски центар.

За време на годинашните истражувања на оваа значајна градба, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола открија повеќе архитектонски елементи, и тоа: раскошен мозаик со богати геометриски мотиви, делумно зачувани мозаични подови, повеќе фрагменти од мозаици и од фрескосликарство, а особено внимание привлекуваат и фрагментите од пронајдените мегарски чаши. Според археолозите, новите мозаици во Хераклеја, кои повторно се откриваат по 40 години, се од исклучително значење за збогатување на сознанијата во македонската археолошка наука.

Во изминатите шест години овој антички локалитет, основан од Филип Втори Македонски, поради своето огромно значење, е дел од капиталните проекти финасирани од Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска