Брод со 250 африкански емигранти кои се обидувале да стигнат до европско крајбрежје, потона во близина на либискиот брег.
Досега се спасени 26 луѓе, но се стравува дека најголемиот дел од нив се удавиле, соопшти полициски портпарол.
Бродот потонал во близина на Таџура, источно од Триполи. Во текот на оваа година повеќе од 100.000 емигранти од северна Африка, најголем дел од Либија, успеаја да стигнат до италијанскиот брег.