Германија ќе направи се во согласност во својата моќ за борба против антисемитизмот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во обраќање на повеќеилјаден митинг во Берлин денеска.
– Секој кој напаѓа Евреи, ја напаѓа Германија. Еврејскиот живот е дел од нашиот идентитет. Нашиот национален и граѓански долг е да се бориме против антисемитизмот, изјави Меркел во обраќањето.
Меркел ретко присуствува на демонстрации, но овојпат се присоедини кон претседателот Јоахим Гаук, вицеканцеларот Зигмар Габриел, лидери на еврејската заедница христијански лидери на митингот пред Брандербуршката порта.
Самиот митинг, организиран од Централниот совет на Евреите во Германија, е нешто невообичаено. Тие вообичаено се придржуваат кон дискретност, но лидерите на заедницата појаснија дека Евреите се чувствуваат загрозени од појавите на антисемитизам по конфликтот во Газа.