Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и младоженецот, кога бродот во кој се наоѓале младенците и нивните гости денеска се преврте во централниот дел на Пакистан, соопштија властите и наведоа дека се очекува бројот на настрадани да биде и поголем.
Бродот се превртел поради лошото време во централната пакистанска провинција Пенџаб, во дистриктот Музафаграх.
Вкупно 22 лица биле спасени. Спсаувачите трагаат по останатите, кои се водат за исчезнати. Засега не се знае колку луѓе се наоѓале на бродот.