Ископувања на ранохристијанската базилика во струшкото село Радолишта

Од:

Археолозите од природоначучниот музеј „Др. Никола Незлобински“ работат на ископувањата на ранохристијанската базилика во струшкото село Радолишта, која датира од 5-тиот или 6-тиот век.

Целта на проектот, според директорот на Музејот Сашо Цветкоски, е да се види состојбата на мозаиците, кои биле конзервирани пред речиси 40 години, односно од 1976 до 1980 година, а од следната година да продолжат истражувањата на овој локалитет.

– Го отворивме мозаикот и можам да кажам дека состојбата е исклучително добра, ќе треба само мали интервенции да се направат на одредени сегменти. Тоа беше главна цел, оваа година да ја утврдиме состојбата, рече Цветкоски.

За идната година, тој најави дека ќе продолжат со неколку контролни археолошки сонди на овој локалитет. Планираат да го прошират западниот и северо-западниот дел од комлексот и да проверат една позиција, ранохристијански гроб, со кој можеби точно ќе се прецизира времето од кога датира базиликата.

– Кога се работело во 70-тите години на гробот е откриена надгробна плоча, каде се споменува презвитер Георгија. Со точно датирање на индиктот и тоа е многу интересно бидејќи тоа е можеби е тоа едно од најраните појави на индикционо датирање на времето односно епохата. Исклучително важно е да ја пронајдеме таа плоча, бидејќи веруваме дека е потворно вратена на своето првобитно место и со тоа да дадеме едно прецизно датирање на базиликата. Иако базиликата е веќе 80-тина години позната и во одредено периоди истражувана, сепак постои колебање дали тоа е доцен 5-ти век или е прва половина на 6-ти Век, со што би имале една сосема прцизна хронологија, изјави Цветковски.

Задача на археолозите, според конзерваторот на мозаик Томе Филов е да направат истражувања во каква состојба е сега мозаикот, бидејќи од неговата конзервација постојано е покреин.

– По направените сонди видовме и добивме резултати дека нема некои поголеми оштетувања, освен мали разнишувања и отпаѓања на тесарите, за што причина е неодржувањето на мозаичната подлога. Сега треба да направиме неколку пресеци на подлогата да видиме во каква состојба се наоѓа варовиот, односно хидростатниот малтер. Да видиме за колкава дебелина станува збор и резултатите од сите тие анализи и истражувања да ни послужат за натамошниот дел на проектот, подвлече Филов.

Базиликата во Радолишта во науката е позната по мозаиците кои имаат исклучителна вредност, т.е. иконографијата на претставените мотиви и композиции се вбројува меѓу најзначајните и најрепрезентативните во Македонија, па и пошироко, од периодот на 5-6 век. Овие мозаици се дел во сите позначајни светски публикации кои го промовираат и го проучуваат периодот на раното христијанство.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска