МОБ на Меѓународен фестивал во Банкок

Од:

Македонската опера и балет (МОБ) денеска, на 16. Меѓународен фестивал на музика и игра во тајландскиот културен центар во Банкок, ќе је изведе операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт.

Во копродукција со театарот „Лирико“ од Рим, а под диригентство на Џузепе Сабатини, ќе настапат солистите Благој Нацоски, Паоло Кони, Анџела Низи, Мауро Корна, Џесика Роуз Камбио, Алесио Потестио, Итало Проферише и Џулија де Блазис.

Во понеделник, на 15 септември, солистите од МОБ и од театарот „Лирико“, Салваторе Кордела, Итало Проферише, Пиетро Навиљо, Џесика Роуз Камбио, Алесио Потестио, Мауро Корна и Анџела Низи, ќе ја изведат и операта „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Следниот ден, во вторник, хорот при МОБ, во соработка со „Нова Амадеус оркестра“ од Рим, ќе настапи на оперски концерт на кој ќе бидат изведени дела од Џузепе Верди, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Винченцо Белини и Пјетро Маскањи.

Фестивалот на музиката и танцот во Банкок се одржува под покровителство на принцезата Маха Сириндорн, а е во чест на роденденот на кралот на Тајланд. Ќе трае до 28 октомври, а публиката ќе има можност да ужива во изведбата на познатите светски имиња и ансамбли како Зубин Мехта, Израелската филхармонија, Балетот од Штутгарт, Оркестарот од Базел.

Учеството на МОБ е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет