„Конечно решавање на прашањето за името е една од најважните цели на нашата надворешна политика и е од витално значење за Грција“, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во обраќањето пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика.
Аврамопулос рече и дека „на Грција и треба веродостоен соговорник и партнер за решавање на ова прашање“ и дека Атина е за продолжување на преговорите под покровителство на ОН.Грција се залага за ефективни средби со македонските надлежни.